social image

Општинско основно училиште „Магдалена Антова“

ООУ „Магдалена Антова“ - Карпош започна со работа во далечната 1974 година како подрачно училиште (I - IV одделение) во состав на ОУ „11ти Октомври “ – Куманово. На 01.09.1989 година продолжи со работа како самостојно училиште ОOУ „Магдалена Антова“ со ученици од I до VIII одделение. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ
НАШАТА МИСИЈА

„Воспитно-образовна институција која е организирана и креативна средина во која преку меѓусебна доверба и заемна толеранција активно соработуваат ученици, наставници и родители без разлика на етничка припадност и индивидуална способност, со цел оформување здрава и самоуверена личност.“
НАШАТА ВИЗИЈА

„Креирање современа, квалитетна и ефикасна настава, приспособена според потребите и интересите на учениците со различна способност во која ќе се почитуваат разликите и личноста на ученикот.“
 

Тековни активности

Новогодишниот базар на 25.12.2025 31.1.2026 Новогодишниот базар на 25.12.2025 Види детали
Ученици, професори и родители од “ООУ Магдалена Антова” на планина 31.1.2026 Ученици, професори и родители од “ООУ Магдалена Антова” на планина 15.11.2025 Види детали
Воннаставни активности во II одделение "Вкусови на есента" 10.12.2025 Воннаставни активности во II одделение "Вкусови на есента" во ООУ “Магдалена Антова“ Види детали
Види ги сите нови блог статии
Училиштето со успех ги реализира целите и задачите на основното образование: им овозможува на учениците индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, да усвојуваат знаења и умеења, за природата и општеството и нивна примена во животот, како да ги почитуваат и исполнуваат граѓанските права и обврски.

Училиштето претставува патоказ по кој чекореле, чекорат и ќе чекорат многу генерации.

Воспитно-образовниот процес се изведува според Годишната програма во училиштето во соработка со Министерството за образование и наука, Биро за развој на образованието – Скопје.
Новогодишен Базар со хуманитарна цел „Од учениците за ученици„
18.12.2023
Во училишниот двор на ООУ„Магдалена Антова„ на ден 25.12.2023 година(понеделник) ќе се реализира Новогодишен Базар со хуманитарна цел „Од учениците за ученици„, во период од 12 00 до 14.00 часот.
Види детали