Воннаставни активности во II одделение "Вкусови на есента"

Во склоп на воннаставните активности, на 24.11.2025 година учениците од IIa, IIб и IIв одделение со своите учителки Елена Манасиевска, Габриела Пешевска и Анета Јовановиќ, со помош на родителите организираа работилница "Вкусови на есента".
Целта на оваа активност беше да се запознаат со вкусовите на есента- зимници, свежи овошки, пити и банички, слатки, колачиња и уште многу други домашни производи.
Учениците имаа убава дружба и со задоволство ја дегустираа храната, дури и некои за прв пат пробуваа храна што никогаш ја немаат јадено. Откако заврши дегустацијата, учениците имаа да изработат ливче со највкусното пробано јадење.

Галерија