social image
ООУ „Магдалена Антова“ - Карпош започна со работа во далечната 1974 година како подрачно училиште (I - IV одделение) во состав на ОУ „11 Октомври “ – Куманово.

Училиштето е основано со одлука на Собрание на ОСИЗ за предучилишно и основно воспитание и образование и општествена заштита на децата – Куманово на ден 16.02.1989 година.

На 01.09.1989 година продолжи со работа како самостојно училиште ОУ „Магдалена Антова“ со ученици од I до VIII одделение.

Населбата Карпош има околу 12 000 жители, каде е лоцирано училиштето и е на 3 km oддалеченост од центарот на Куманово. Училиштето е сместено меѓу две крстосници кои го поврзуваат Куманово со Крива Паланка и Свети Николе и е во состав на општина Куманово.

Училиштето со успех ги реализира целите и задачите на основното образование: им овозможува на учениците индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, да усвојуваат знаења и умеења, за природата и општеството и нивна примена во животот, како да ги почитуваат и исполнуваат граѓанските права и обврски. 

Училиштето претставува патоказ по кој чекореле, чекорат и ќе чекорат многу генерации.

Воспитно-образовниот процес се изведува според Годишната програма во училиштето во соработка со Министерството за образование и наука, Биро за развој на образованието – Скопје.
ООУ „Магдалена Антова “ е воспитно – образовна установа со богата и респективна традиција и особен углед меѓу основните училишта во Куманово и нашата држава:
  • за сите ученици создава услови за систематско усвојување на општообразовните и посебни знаења и за оптимален развој на нивните индивидуални способности;
  • образованието и воспитанието го организира на најпогоден начин со цел да се зголеми квалитетот и ефикасноста во наставата;
  • преку однапред утврдените национални општообразовни стандарди се залага за систематско осовременување на содржините, формите и наставните методи;
  • учениците кои имаат потешкотии во физичкиот и психичкиот развој и не се во можност да ја следат редовната настава ги интегрира во посебна паралелка, која работи во состав на училиштето;
  • училиштето остварува успешна соработка како со родителите така и со локалната средина.

Поаѓајќи од овие принципи, училиштето со успех ги реализира целите и задачите на основното образование: им овозможува на учениците индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, да усвојуваат знаења и умеења, за природата и општеството и нивна примена во животот, како да ги почитуваат и исполнуваат граѓанските права и обврски.

Современите текови и промени во сите сфери на живеење предизвикаа и промени во образованието. Традиционалната настава одамна и отстапи место на современата, а наставникот од авторитарен тип на раководител стана демократски тип, планер и активен истражувач, додека пак, ученикот од пасивен слушател се промени во активен учесник во реализацијата на наставата.

Нашиот кадар

НАШАТА МИСИЈА

„Воспитно-образовна институција која е организирана и креативна средина во која преку меѓусебна доверба и заемна толеранција активно соработуваат ученици, наставници и родители без разлика на етничка припадност и индивидуална способност, со цел оформување здрава и самоуверена личност.“
НАШАТА ВИЗИЈА

„Креирање современа, квалитетна и ефикасна настава, приспособена според потребите и интересите на учениците со различна способност во која ќе се почитуваат разликите и личноста на ученикот.“

Галерија