На 15.11.2025 (сабота), 56 ученика заедно со 3 наставника и 2 стручни соработници од “ООУ Магдалена Антова” учествуваа на настанот “Ученици, професори и родители на планина”.
Целта на настанот е заедничко дружење, престој во природа, уживање во свежиот воздух и убавините на нашиот крај.
Од железничка станица во с. Бељаковце тргнавме пешки до манастир св. Ѓорѓи во с. Бељаковце. Должината на целата патека изнесуваше 10 km во двата правци. По пристигнување учениците го посетија манастирот , се запознаа со неговата историја и значење. Следуваше одмор и разговор за стекнување на здрави навики, љубов кон природата и зачувување на природните богатства.
Учениците заедно со наставниците засадија 250 садници зимзелени дрвца околу манастирот.
Настанот е организиран од Планинарски клуб ЗПЗП Козјак 2013 и подджан од компанија за обработка на железо “Метал-Нет”.