„Меѓународен ден на лицата со посебни потреби„

На 01.12.2023 год. во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово се одржа креативна работилница од вредните детски рачиња на нашите другарчиња по повод 3-ти Декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

Учествуваа ученици од нашето училиште заедно со нивните образовни асистенти и специјалниот едукатор и рехабилитатор како и ученици од училиштето-домаќин, ООУ „11 Октомври“ и ООУ „Христијан Карпош“ од Куманово.

Цел на дружењето беше подигнување на свеста за почитување на различностите и ширење несебична љубов и споделување искуства во работата со децата со посебни потреби.