social image

Редовна настава

Училиштето работи во две смени. Во едната смена е одделенска настава, а во другата - предметна настава. Првата смена започнува во 7:30 часот, а завршува во 12:55 часот. Втората смена започнува во 13:30 часот, а завршува во 18:55 часот.

Изборна настава

Изборната настава се организира и изведува според програми за задолжителни и изборни наставни предмети што се изучуваат според Наставен план за основно образование. Преку интерна процедура за избор на наставниот предмет извршена во месец мај ,одделенските раководители вршат организација на овој вид настава.
Изборни предмети по одделениеНаставник
- 1, 2, 3 одделение
Образование за животни вештини
Одделенски наставници
- 4 одделение
Емоционална писменост - прво полугодие
Шах - второ полугодие
Одделенски наставници
- 5 одделение
Програмирање - прво полугодие
Моден и компјутерски дизајн - второ полугодие
Ирена Богатиновска
- 6 одделение
Градинарство и хортикултура, 
Етика на религиите - прво полугодие
Мултикултирни работилници - второ полугодие
 
Татјана Апостоловска
 - 7 одделение
Истражување на родниот крај
Виолета Мартиновиќ
 – 8 одделение
Наша татковина
Данијела Антевска
Виолета Мартиновиќ
Марија Серафимовска
Ненад Ѓорѓиевски

 
 – 9 одделение
Вештини за живеење
Ирена Богатиновска
Олга Глигорова
Симона Димковиќ

Дополнителна настава

Во ОOУ „Магдалена Антова“ се планира реализација на дополнителна настава по сите наставни предмети за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако:
  • имаат најмалку две слаби оценки,
  • имаат слаби резултатит по одреден наставен предмет,
  • отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмети,
  • на барање на ученикот или неговиот родител, односно старател.

За реализација на дополнителна настава одговорните наставници изготвуваат соодветни програми. Во нивното изготвување активно се вклучуваат стручните активи и се применува тимската работа.

Додатна настава

Во ОOУ „Магдалена Антова“ се планира и организира реализацијата на додатна настава за ученици кои постигнуваат значителни резултати по одделни наставни предмети (талентирани ученици) по сите наставни предмети, со цел поцелосно и поопширно усвојување на наставниот материјал по секој наставен предмет.

За реализација на додатната настава одговорните наставници изготвуваат соодветни програми. Во нивното изготвување активно се вклучуваат стручните активи и се применува тимската работа.

За реализација на додатна настава одговорните наставници изготвуваат соодветни програми. Во нивното изготвување активно се вклучуваат стручните активи и се применува тимската работа.

Работа со надарени и талентирани ученици

ОOУ „Магдалена Антова“ за учебната 2023/2024 година планира програми за работа со надарени и талентирани ученици по реализација на процедурата за идентификација на надарени и талентирани ученици. Знаењата и вештините можат да се научат но талентот ученикот го носи во себе, а наставникот преку својата работа треба да го препознае и мотивира неговиот индивидуален развој.

Акцентот во програмата за работа за надарени ученици се става врз методите и формите за работа кои ќе бидат насочени кон самостојно учење и користење на информации, развивање на способност за формирање на методи, умеења и постапки за доаѓање до нови знаења.

Работата во нашето училиште со вакви ученици ќе ја насочиме кон:
  • индивидуализација на наставата со учениците
  • проектни активности
  • активирање на слободни ученички активности
  • организирање на натпревари, конкурси и истражувачки активности
  • ​организирање на креативни работилници

Работа со ученици со посебни образовни потреби

За учебната 2023/2024 година во ОOУ „Магдалена Антова“ се планира и вклучување на децата со посебни образовни потреби во редовни услови и настава, а со тоа поуспешно функционирање комуникација, толеранција, еднакви можности во социјалната средина.

Се планира и флексибилна индивидуализирана поддршка на децата со посебни образовни потреби од страна на учениците и наставниците и педагошко-психолошката служба.

Зголемено и активно учество во инклузивниот и образовниот процес и практична вклученост на родителите на деца со посебни образовни потреби.

Изработка на индивидуални образовни планови соодветни на способностите, потребите и подготвеноста на секој ученик.

Странски јазици што се изучуваат во основното училиште

Англиски јазик679 ученици
Германски јазик260 ученици
Француски јазик9 ученици
Руски јазик23 ученици
Српски јазик (изборен предмет- III одд.)22 ученици