Интеркултурна размена во Швајцарија

Во рамките на проектот “Промоција на безбедна училишна средина“ подржан од Коалиција на младински организации СЕГА и Фондација Песталоци група од 9 ученика заедно со психологот Силвана Стојковска во улога на супервизор претстојуваа во Детското Село Песталоци, Троген, Швајцарија од 06.02.2024 до 22.02.2024 година.
Tim2
Tim3Tim4Tim5

Во група од 120 ученика, заедно со ученици од Молдавија и Полска, работеа и учеа за правата на децата, идентитет, анти-дискриминација, тимска работа, готвење, спортски игри, забава и дружење. Посетија повеќе градови како Цирих, Луцерн и Санкт Гален, ги посетија Водопадите на Рајна, Алпите со врвот Хохен Кастен. Учениците поминаа прекрасни 16 дена  интеркултурна размена, запознавајќи ги луѓето и другите култури околу себе и претставувајќи се себе си и нашата држава.

Со цел повеќе ученици да се здобијат со знаења и вештини во нашето училиште се продолжи со спроведување на истите работилници со ученици од осмо одделение од страна на тимот на интеркултурна размена.
KojSiTi


Identite