Првенец на генерација 2024/2025 - Мила Митровска IX г одделение

На свечена седница одржана на 18.06.2025 год. во Занаетчискиот дом во Куманово беа прогласени првенците на генерација од сите основни и средни училишта од општината.
Манифестацијата беше во организација на Здружението на просветни работници во Куманово кои ја наградија нашата Мила Митровска од IX г одделение со диплома, плакета, златник и вредносен ваучер. Мила е вредна, културна и посветена ученичка која има учествувано и освоено многу награди на општински и републички натпревари, како и на литературни и ликовни конкурси.
Прогласувањето на учениците на генерација беше проследено со културно-уметничка програма на која присуствуваа родителите, директорите на училиштата, учителите и наставниците ментори на наградените.

Галерија