Во пресрет на велигденските празници нашите ученици ги посетија корисниците во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово. Посетата беше реализирана како дел од велигденските активности во ООУ „Магдалена Антова“ со цел развивање свест и емпатија кон сите луѓе без разлика на возраста.