Велигденски базар вo ООУ „Магдалена Антова“ на 16.04.2025 година

Во пресрет на велигденските празници на 16.04.2025 год. во училишниот двор на ООУ „Магдалена Антова“ се одржа традиционалниот Велигденски базар. На штандовите учениците понудија велигденски рачни изработки и слатки задоволства кои се продаваа по симболична цена, а собраните средства ќе бидат наменски искористени според планот на Ученичкиот парламент. Настанот беше поддржан и посетен од страна на учениците, родителите и локалната заедница, како и од страна на локалните медиуми.

Галерија