Литературно читање во чест на 8 Март на 05.03.2025 година

На 05.03.2025 година во нашето училиште, во просториите на училишната библиотека Изворче се одржа литературно читање во чест на 8 Март.
Учениците од шесто до деветто одделение ги читаа своите творби посветени на жената во присуство на членовите на Книжевниот клуб – Куманово.
Исто така и нашите гости се претставија со свои стихови.
Овој настан имаше и ликовен карактер поткрепен од талентираните уметници од ООУ „Магдалена Антова“.
Сите учесници добија благодарници од Книжевниот клуб – Куманово.

Галерија