Патронат - Триесет и пет години самостојна воспитно-образовна дејност

На 10 октомври 2024 год. ООУ „Магдалена Антова“ одбележа триесет и пет години самостојна воспитно-образовна дејност. Чествувањето на денот на училиштето започна со полагање свежо цвеќе пред бистата на Магдалена Антова во училишниот двор. Гости, делегации од Општина Куманово, Руската амбасада и претставници од основните училишта од градот се поклонија и положија свежо цвеќе.
Следуваше свечена седница на која беа наградени долгогодишни наставници и вработени во училиштето како благодарност за големото залагање и нивниот несебичен труд.
Во чест на патрониот празник учениците и наставниците-ментори подготвија пригодна културно-уметничка приредба која можеа да ја проследат гостите, родителите, учениците и жителите од населбата.
Во текот на седмицата кога го славиме нашиот патрон, партизанката Магдалена Антова, се одржаа повеќе активности во нашето училиште. На 7.10.2024 год. во училишната библиотека Изворче се одржа литературно читање - Митинг на поезијата и прозата на кој учествуваат ученици од VI до IX одд. со своите лични творби. Најуспешните беа наградени со соодветни дипломи. Наставниците по ликовно образование спроведоа ликовен конкурс на кој беа наградени најдобрите уметници од нашето училиште. Исто така и спортските активности одржани таа седмица беа во чест на патронот.

Галерија