Месец на книгата

На 12.11.2024 год. се одржа завршната манифестација по повод одбележувањето на Месецот на книгата во организација на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово. Оваа традиционална општинска манифестација со години е дел од активностите на учениците од ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово кои учествуваат на литературниот, ликовниот и натпреварот по библиотекарство.
Меѓу наградените се и нашите ученички Мила Митровска и Тијана Кипријановска кои твореа на тема „Желбата и љубовта се крилја за пишаниот збор“. Тие учествуваа на литературниот натпревар во пишување проза и поезија и ги освоија следните награди: Мила Митровска IX Г одд. – III место поезија (ментор – Тања Младеновиќ); Тијана Кипријановска VIII А одд. – II место поезија (ментор – Валентина Петрушевска).
Наградените ученички заедно со своите ментори присуствуваа на културно-уметничката приредба организирана во таа чест, каде што им беа врачени соодветни награди и дипломи.

 

Галерија