Посета на Музеј Куманово на 29.05.2024 со учениците од 7а и 7г одделение и 31.05.2024 год со учениците од 7б и 7в одделение

Според наставната програма на изборниот предмет Истражување на родниот крај секоја година се организира посета на Музеј Куманово.
Така и оваа година на ден 29.05.2024 среда со учениците од 7а и 7г одделение и 31.05.2024 год со учениците од 7б и 7в одделение се организираше посета во музеј Куманово. Таа беше предводена од предметниот професор по Истражување на родниот крај. Учениците имаа можност да слушнат предавање од страна на просветниот работник во музејот кој има улога на водич на посетителите. Тие слушнаа од каде се сите предмети во овој музеј и имаа можност да ги видат сите предмети и да прашаат се што ги интересира. Од оваа посета имаа можност да слушнат и да научат нешто повеќе за кулурно-историското наследство на нашиот крај.

Галерија