Во рамките на проектот “Промоција на безбедна училишна средина“, во две интерактивни средби, со помош на предавачот Александра Дејановска Петровска, над 20 наставници од ООУ “Магдалена Антова“ успешно ги реализираа работилниците за Политика за заштита на децата. Имено беа разработени и усвоени постапките за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување.
Работилниците беа подржани и реализирани од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонски Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот Меѓаши и СМАРТ АП- Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Детската Фондација Песталоци.
Усвоен од Училишен Одбор, училиштето се стекна со Правилник и Политика за заштита на децата за идни четири години.