Креативна творечка работилница “Куманово во срцето“ во Занаетчискиот дом - Куманово

Во чест на празникот 24 мај-Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј, беше организирана креативна творечка работилница со авторот Венко Андоновски по потекло од Куманово и професор на факултетот “Блаже Конески“ при универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ Скопје во Занаетчискиот дом - Куманово.

На работилницата учествуваа учениците од ООУ “Магдалена Антова“ кои твореа на темата: “Куманово во срцето“.
Работилницата беше органиизрана со поддршка од општината Куманово со цел потикнување на литературна креативност кај талентираните ученици од нивните ментори, негување на љубов кон родниот град по повод 505 годишнината од постоењето на Куманово и афирмирање на мајчиниот јазик преку литературното творење.
Сите ученици добија потврда за учество на работилницата, а најдобрите творби ќе бидат избрани од професорот Венко Андоновски и на најуспешните ученици и нивните ментори ќе им бидат доделени дипломи за освоена награда (прва, втора и трета).