На 11.05.2024 година во ООУ „Димитар Миладинов“ - општина Центар, Скопје се одржа дваесеттиот републички детски литературен фестивал „Ракатки“

На 11.05.2024 година во ООУ „Димитар Миладинов“ - општина Центар, Скопје се одржа дваесеттиот републички детски литературен фестивал „Ракатки“ на кој нашата ученичка Мила Митровска од VIII г одделение се претстави со својата лична поетска творба под наслов „Македонија – мојата татковина, мој дом“ за која доби втора награда.

Ученичката Мила Митровска и нејзиниот ментор Тања Младеновиќ се здобија со дипломи и присуствуваа на културно – уметничката приредба организирана од фестивалскиот одбор и од учениците домаќини на овогодинешниот фестивал.