Општински натпревар по Прва помош 2024 година на 26.04.2024

Според календарот на традиционални манифестации на Црвениот крст на Република
Северна Македонија - Општинска организација Куманово, на 26 - ти април 2024 година, на Градскиот плоштад во Куманово се одржа Општински натпревар по прва помош во 
категорија подмладок и млади.
На натпреварот учество земаа вкупно 13 екипи, меѓу кои и ученици од нашето училиште.
Ученици кои го претставуваа нашето училиште се: Теа Костадиновска, Софија Величковска, Ана Величковска, Немања Стојковски, Горазд Ристовски, Лука Смиљковски под менторство на предметниот наставник Марјан Анѓеловски.

Натпреварот се одвиваше на 3 траектории со по 3 повреди, катче за освежување и одмор, работно место дисеминација и работно место за забавни игри.

Екипите ги покажаа своите знаења за правилно укажување на прва помош во несакани
ситуации и знаењата од областа на дисеминација.

Нашите ученици покажаа солидни резултати во сите области и се стекнаа со благодарници за учество на натпреварот.