Од посетата на Саем на книга 2024, Скопје на 19.4.2024 година

И оваа година, ние наставниците заедно со своите ученици, бевме во посета на Саемот на книги под слоганот "Приказна се чита" во Арената Борис Трајковски-Скопје на 19.4.2024 година

"Приказна се чита" е поврзаност помеѓу опцијата за објавување "стори" на социјалните мрежи и со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на животот преку јазик препознатлив во модерното време.

"Прикaзна се чита" има за цел да го привлече вниманието на младата генерација и да го сруши митот дека социјалните мрежи се пред се во секојдневието на младите.

Добрата книга е волшебност што инспирира, сила што душевно и ментално го преобразува човекот.

Посетата на Саемот на книги е голем настан за детските очи и детскиот ум.

Овој настан е секогаш интересен за младите ученици, нивните љубопитни очи ги избираат саканите книги, со својот ум патуваат со нивните книжевни авантури и живеат со познатите и непознатите ликови.

Посетата на Саемот на книги е долгогодишна традиција во ООУ"Магдалена Антова" Куманово.