-
15.11.2023
-
Тековни активности
Прекрасно е чувството да ги претставам нашите ученици кои не преставуваа на одржаниот литературен и ликовен натпревар по повод "Месецот на книгата" организирано од ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски" на тема „Да бев лик од книга“ каде постигнаа голем успех.
Нашите ученици од ООУ „Магдалена Антова“ на завршната манифестација која се одржа на 15 ноември 2023 година во Занаетчиски дом -Куманово присуствуваа со нивните ментори и беа наградени.
Успехот на литературниот натпревар во проза, со својот стил ги претставија своите омилени ликови од книгите и третото место го освоија ученичките Миа Лазаревска и Каја Камелија Колев од 9в одделение, со нивниот ментор Марина Дапчевска.
Ликовите од книгите ги насликаа и на ликовниот натпревар триунфираа со награди: Марко Стоимановски - второ место; Миа Лазаревска - трето место и Дејвид Стојановски – трето место сите од 9 в одделение под менторство на Симона Димковиќ.
Учениците добија дипломи и книги за нивниот постигнат труд и тоа е дел од многубројните успеси на учениците на училиштето „Магдалена Антова“.