social image
„Меѓународен ден на лицата со посебни потреби„ 03.12.2025

По повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште се реализира заедничка инклузивна работилница на која, покрај учениците, образовните асистенти, специјалниот едукатор и рехабилитатор и наставникот по ФЗО од нашето училиште, активно учествуваа и претставници од повеќе основни училишта од градот односно, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Христијан Карпош“, ООУ„ Кочо Рацин“ и ООУ„Толи Зордумис“ од Куманово.
Работилницата имаше за цел да ја истакне важноста на еднаквоста, разбирањето и прифаќањето, како и поттикнување на емпатија и поддршка меѓу учениците. Преку креативни активности, тимска работа и интерактивни игри, учениците заедно создаваа пораки и постери посветени на инклузијата и почитувањето на различностите.

Особено ни е драго што оваа активност овозможи размена на искуства, идеи и позитивни практики меѓу училиштата, со што се зајакна меѓуучилишната соработка и се поттикна култура на заедништво.

Им упатуваме голема благодарност на сите ученици, образовни асистенти и гости кои со својата енергија, креативност и поддршка придонесоа за успешно одбележување на овој значаен ден.

Проект “Промоција на безбедна училишна средина„

На ден 20.11.2025 година во просториите на ООУ„Магдалена Антова„ се реализира работилница со 40 ученици од шесто одделение од страна на наши врснички едукатори. Овие активности се дел од проектот Промоција на безбедна училишна средина кој се спроведува трета година во нашето училиште реализиран од страна на Првата детстка амбасада во светот Меѓаши во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Смарт АП –Лабораторија за социјални иновации и МЦГО центар за грѓанско образование, а со поддршка на Детската фондација Песталоци.

Работилниците беа спроведени во две паралелки од шесто одделение на тема „Справување со сајбер насилство„ препознавање, ризици, справување и превенција, од стрна на ученици од девето одделение, врснички едукатори во ООУ„Магдалена Антова„.

Во основа на нашата меѓусебна соработка, во рамките на проектот учениците од IXа и VIIIв беа запознаени со ризиците и начините за безбеден интернет од страна на менторот на МКsafe Net Националниот центар за побезбеден интернет на кој се поставуваат нови стандарди за заштита на децата и младите во дигиталниот свет.

Во рамките на проектот беше спроведена средба со родители за поголема активност и вклучување во превенција од насилство во училиштето.Развиена е богата дискусија и интерес за спроведување работилници и во понатамошен период. Втор дел од едукативната сесија беше интерактивна за заштита на нивните деца во дигиталниот свет.

Меѓуетничка интеграција во образование

Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, Проектот ќе ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, така што во текот на Проектот тие ќе ја преземат одговорноста за постигнување на проектните цели и ќе станат двигатели на одржлива промена. Со планот на Проектот, исто така, внимателно се прави редослед на активностите, така што во секоја фаза се градат способности потребни за фазите што следат. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.

Постигнување и одржување на меѓуетничка интеграција во образование е комлексен и долгорочен процес. Нашето училиште ООУ “Магдалена Антова“ повеќе години има успешна и плодна соработка во рамките на проектот МИО со партнер училиштето ООУ “Фаик Коница“ с. Слупчане.

Со планот на Проектот, внимателно се прави редослед на активностите, така што во секоја фаза се градат способности потребни за фазите што следат. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки. Во изминативе години низ низа активности – Одбележување на верски празници, Патронен празник , еко акции , постигањата на целите од овој проект се на едно високо ниво за двете училишта.

Оваа учебна 2023-2024 година , како резултат на успешна соработка, Нашите училишта го добија проектот “Градиме мостови„. Целта на проектот е продолжување и одржување на соработката помеѓу нашите училишта. Планирание се активности во тек на цела учебна година и тоа реализирање по две активности (по една во секое училиште) секој месец од септември 2023 до јуни 2024 година. Активноста изгледа како еден наставен ден, со реализирање на активности според наставниот план и програма за 4 одделение, по предметите Англиски јазик, Физичко и здравствено образовние и Ликовно образование.

"Промоција на безбедна училишна средина"

Во рамките на проектот „ Промоција на безбедна училишна средина„ нашето училиште се вклучи со активности со цел да допринесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Проектот е подржан од Детската фондација Песталоци, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ И СМАРТ АП- Лабораторија за социјални иновации, и како главен носител е Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование.

На 16.11.2023 беше реализирана Работилницата „ Комуникациски вештини„;

На 27.11.2023 беше реализирана Работилницата „ Истражувачки методи и алатки„; и

На 1.12,2023 беше реализиранаРаботилницата „Развивање на ученички проекти/ иницијативи„ во кои главни носители беа учениците од Училишниот Парламент во соработка со Училишниот Правобранител, наставници, стручна служба и директор во соработка со менторот Александра Пауновска.