social image

Етвининг во ООУ„Магдалена Антова„

Оваа учебна 2023/24 година за прв пат реализираме Етвининг проект во нашето училиште. Под името „Воспитуваме граѓани на светот“ (“Raising Global Citizens”), проектот е со траење од декември до април, вклучени се ученици од четврто одделение и наставници од нашето училиште. Во проектот соработуваме со Турција, како координатор, Шпанија, Ирска и Романија. Областите кои ги истражуваме се здравиот начин на живот, екологија, безбедност при користење интернет. Учиме преку експерименти, предизвици, креирање дигитални содржини во апликации и слични содржини кои допрва следат. На практичен начин ќе се здобиеме со нови знаења и ќе се запознаеме со другите култури и нивниот начин на работа и учење.