Нашите ученици на ден 18.11.2025 година зедоа учество на XVII Манифестација „11 Ноември-Денот на Куманово“ организиран од Друштво на писатели-Куманово.
На Манифестацијата учествуваа 40 ученици кои твореа на теми:„11 Ноември-слободно Куманово“ и „Сами си го одбираме својот пат“ во поезија и проза. Ученичката Ангела Николевска од VIII-б одделение под менторство на Христина Алексовска го освои првото место во категоријата основни училишта на тема „Сами си го одбираме својот пат“.